Усогласеност
Изберете го саканиот јазик
ПРАВИЛНИОТ НАЧИН Е
ЕДИНСТВЕНИОТ НАЧИН
Интегритет, етика, транспарентност–тоа се само зборови. Меѓутоа, само до оној момент додека компанијата не се посвети на тоа да ги направи интегрален дел на својата деловна работа. Во Универзал таа посветеност е проширена во нашето работење на секое ново и секој ден. Од намалување на ризици до скрупулозно запазување на законите и регулативите, усогласеноста е вградена во нашата ДНК и видлива во нашите напори за намалување на ризици, етички процеси на донесување одлуки и политики за корпоративно управување. Поради тоа, управата на Универзал ревносно верува дека да се направи правилната работа на правилниот начин е единствениот начин да се води бизнис. Едноставно, тоа е нешто што го прават лидери.
линија за усогласеност на Universal
Преку телефон од Република Северна Македонија (бесплатно): Завртете 0800 8 05 70.
За листата на меѓународни контакти, ве молиме кликнете ТУКА. Ако вашата земја не е на листата, кликнете ТУКА за телефонски код за пристап и бирајте +1 866 292 5224.
На Интернет: universalcorp.ethicspoint.com
линија за усогласеност е достапна дваесет и четири (24) часа на ден, седум (7) дена седмично.
Никому кој што ќе достави пријава до линија за усогласеност нема да му се побара да ги каже своето име или друга информација што ќе го идентификува и нема да се користат уреди за идентификација на повикувачот или за снимање.
Контактирајте со нас:
Harvard Smith
Главен директор за усогласување
Universal Corporation
9201 Forest Hill Avenue
Stony Point II Building
Richmond, Virginia 23235
(директна линија) +1 804 254 1316
(Канцеларија) +1 804 359 9311
(Факс) +1 804 254 3594
(Имеил)
compliance@universalleaf.com
Писмо од преседникот
Почитувано семејство на Universal:
Во Universal, горди сме на преку 100-годишната историја на успех и водство во нашата индустрија. Израснавме во разновидна, глобална компанија за земјоделски производи со нови можности и нови стратегии. Сега со возбуда очекуваме што можеме да постигнеме во следните 100 години.
Нашата историја и нашата иднина се изградени врз нашата посветеност на интегритетот. Како една од нашите основни вредности, интегритетот нѐ води како да работиме, како да го водиме нашиот бизнис и како да се справуваме со нашите средства и информации. Тоа, исто така, нѐ води кон тоа како да ги штитиме нашиот бизнис и вработените од корупција.
Треба да се гордеете со нашата посветеност на интегритетот. Тоа е камен-темелник на нашата Програма за усогласеност и одраз на тоа што значи да се биде дел од Universal. Имаме должност спрема нашите заедници, акционери, клиенти и едни на други да продолжиме да останеме фокусирани и да ја поддржуваме нашата Програма за усогласеност и нашата посветеност на интегритетот.
Оваа Страница за усогласеност на нашата веб-локација содржи важни информации и ресурси за вас. Тие се толку важни што ги правиме јавно достапни на нашата веб-страница за секој да може да ги види и да разбере што значи да се биде дел од Universal.
Срдечно,
Preston D. Wigner
Преседникот, Преседателот, и Егзекутивниот Раководител